Македонијо, чија песна ќе пееме, нивната или нашата?
- Пишува: Кирил Трајковски, Член на Левица – Сектор култура
Дволичноста е срцевина на политичката филозофија на СДСМ. Со стремежот кон создавање и развој на државата и општеството, СДСМ поддржува и обезбедува многуетничка и мултикултурна коегзистенција на сите заедници во Македонија, освен на македонските граѓани кои треба да се чуствуваат еднакви со останатите заедници. Иако сме се’ уште главниот стожер на Уставот, кој ја определува водечката улога во Македонија, како уставотворен народ во реалноста воопшто не е така.
Кој ни е крив другари кога заспаниот народ се буди во туѓа држава, а ние веќе подолго време сме заспани. Исто како во приказната „Заспаната убавица” (Македонија) која се боцна на вретеното (во сличајов СДС ) и заспана во стогодишен сон чекаше да дојде принцот со љубовен бакнеж да ја растури магијата. Буквално сме рефлексија на истата и чекаме да дојде некој да ја растури црната магија од поткупливите чинители на власт, дојдени да го одерат и да го понижат народот до гола кожа.
До кога ќе спиеме народе?
До кога ќе голтаме кнедли?
До кога ќе се забрануваат македонските песни во кои се пее за македонските херои од кога овие одродениве се на власт!
Да се потсетиме дека финансираа културни проекти каде доделуваа финансиски средства за опејување на терористи од УЧК кои пукаа по нашиот народ – замислете од нашите пари. Очигледно некому му пречи македонската песна.
Како беше она од библијата – Прости им господе не знаат што прават.
Знаете што?
Левица нема да простува! Бидете сигурни. Ќе направи чистка во секоја област која ја заразивте. Ќе ве научи и на химна, и на знаме, и на херои. Ќе си ја повторувате во некоја влажна ќелија македонската „Везилка” од Блаже Конески како оче наш.
И за крај има една позната реплика од доајенот на македонското глумиште, големиот Ристо Шишков. Вели вака: „Ќе пееме ама чија песна ? Нашата или вашата?“.
Другари, да се обединиме и да зададеме последен удар. Да ја вратиме македонската песна во сите културно образовни институции и да ги задоиме со македонизам дечињата за во иднина да знаат што е Македонија и што значи да си Македонец. Македонија очајно моли за македонски бакнеж. Но, ќе не’ огрее сонце! Принцот наскоро ќе пристигне. Верувајте ми, ми шепна добрата самовила.
Искрен другарски поздрав од Кирил – Ќе победиме!