АктуелноЛокално

(Видео) Левица: Закана од уништување на Брегалница и плодното земјиште околу реката

  • Реакција на политичката партија Левица

Пратеникот Борислав Крмов и членот на Советот на Општина Штип Ангеле Михајловски од #Левица беа на средба со жителите на Стар Караорман и Долни Балван од штипската околина кои се соочуваат со идентична егзистенцијална закана како и речиси сите останати села и населби по теченијата на реките низ државата. 

Со децении, речните корита и земјиштето околу нив АД Водостопанство преку погубни концесии ги препушта на експлоатација и уништување. Ископот на песок на овој начин неповратно ја оштетува природата и основните услови за живот на селаните.

 Систематското и нелегално уништување на природните ресурси и начинот на живот во руралните и приградски средини за богатење е една од клучните работи кои требаат да бидат веднаш искоренети и казнети.