Знамињата на ООН спуштени на половина копје – Почит за убиените во Појасот Газа

Персоналот на најголемата светската организација во Азија и Африка со едноминутно молчење им оддаде почит на своите колеги кои беа убиени во Газа за време на конфликтот меѓу Израел и Хамас, објави „Гардијан“.

Сино-белото знаме на ООН е на половина копје пред канцелариите во Бангкок, Токио и Пекинг, како и пред Катманду, Кабул и Најроби.

Агенцијата на ООН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) во петокот објави дека повеќе од 100 нејзини вработени загинале во Газа од почетокот на израелското бомбардирање, пренесе Би-Би-Си. Ова е досега највисокиот број на работници на ООН убиени во конфликт.