(Видео) Мицкоски се удави во сопствената лага за општинскиот буџет во Битола

  • Во видео пократко од само една минута, лидерот на ДПМНЕ се удави во сопствената лага во која ја обвини Левица за коалиција со СДСМ, за на крај да се испостави дека ребалансот на Буџетот во Битола заедно го гласале советниците од ДПМНЕ, СДСМ и Поинаку, додека единствените гласови против биле токму од советниците од редовите на Левица. Во прилог соопштението и видеото на Левица ЛО – Битола.

Министерот за опозиција Мицкоски наместо да даде одговор зошто неговиот претседател на ОК Битола е под кривичен прогон, тој бесрамно шири лаги дека Левица го опструирала буџетот во општина Битола. Го потсетуваме Мицкоски дека, како во Парламент, така и во Советот беспрекорно функционира коалицијата на СДС и ДПМНЕ.

Сите советници во општина Битола, ОСВЕН советниците на Левица, гласаа ЗА ребаланс на буџетот во јули. А со последниот ребаланс, тие обезбедија 50 милиони денари за “субвенции” на јавните претпријатија во долгови, кои ќе завршат за предизборен ПОТКУП. Наместо Мицкоски да го штити својот пулен Коњановски – треба да даде отчет каде се завршени 70 милиони евра пари на Битолчани, додека ниту еден капитален проект не е реализиран.