Мојсоска: Само бог и евроатланските вредности се вечни

  • Генералниот секретар на Политичката партија Левица Јована Мојсоска, се огласи на својот фејсбук профил во одговор на Фросина Ременски од СДСМ која прокламира дека стратешките цели на државата се непроменливи.

Ременски, во статус полн со шупливи тези, го оправдува одбивањето на референдумска иницијатива, затоа што можело да се загрозат стратешките евроатлантски цели, дефинирани пред цели 30 години.

Во инфантилното писание, со други зборови, тврди дека НЕКОИ стратешки интереси за кои никогаш немало референдум (ама имало консензус од мнозинството македонски народ?!) се втемелени во камен и истите никако не смеат да се доведат во прашање.

Во евроатлантската хистерија, народот никако не смее да ги преиспита поставените геостратешки цели, преку директна демократска алатка како што е референдумот, колку и да се покажале тие погубни по државоторноста.

Впрочем, секое наше приближување кон фамозниот европски пат, резултирало со ГУБЕЊЕ на дел од суверенитетот и интегритетот на државата (од наметнатата трибализација со територијалната и Рамковен договор, преку силување на правото на самоопределување со Преспански договор, па се до Бугарски договор и бришење на АСНОМ-ските темели и историската борба за национална слобода).
Замислете, евроатлантските вредности се од повисоко, највисоко значење пред мнозинската волја на еден народ?!
Тоа, дами и господа, се нарекува ПРОТЕКТОРАТ. Евроатлантски протекторат.

Имаше некаде во полево на интернет еден графит: ,,Decenijama smo živeli u mraku. Jebem mater onom ko je upalio svetlo.”