Личните карти ќе се подигаат во месно надлежните полициски станици

Од понеделник ќе се воведе нов систем за издавање на личните карти, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Имено, од понеделник (11.03.2024), личните карти ќе може да се подигнат секој ден од неделата во кој било период од денот од месно надлежните полициските станици според место на живеење.

Ваквата промена е донесена по извршената анализа на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје.

„Анализата доведе до заклучок дека доставата на лични карти е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава“, соопштува МВР.