Балканот знае како е да бидеш мета на „хуманитарните“ интервенции на НАТО

  • Статус на Јован Крајевски, член на Централниот Комитет на Политичката партија Левица.

Балканот многу добро знае што значи НАТО и колку се „хуманитарни” нивните интервенции. Впорочем, од цела Европа, Србија е најубаво запознаена со тоа што значи да се најдеш на мета на „носачите на демократија”. До ден денес србите ги трпат последиците од осиромашениот ураниум со кој НАТО ги бомбардираше и се тресат кога ќе чујат авион да прелета над нив.

Балканот не се радува на „инвазијата на Украина”. Напротив – Балканот се радува што некој има сила да се спротивстави на НАТО.

Ние добро знаеме низ што се поминаа србите пред 23 години и паметиме како беа дехуманизирани низ западните медиуми. Затоа кога читаме што пишувате за Русија, Кина, Куба, Венецуела, Сирија или Северна Кореа (уставно: ДНРК) – не ви веруваме. Затоа ни е лесно да сочувствуваме со луѓето од Сирија, Либија, Ирак, Авганистан, Палестина, Јужна Америка и секој народ што бил мета на НАТО и западниот империјализам, без разлика колку се трудите да ги прикажете како дивјаци по вашите медиуми. Затоа просечен балканец разбира повеќе за геополитика од евро-центричен доктор по политички науки од Западна Европа.

Јас сочувствувам со украинскиот народ. Сочувствувам со секоја невина жртва што ќе биде направена во овој конфликт. Сочувствувам со украинските деца кои утре ќе се плашат кога ќе има огномет, истрауматизирани од екот на бомбите. Но, сочувствувам и со сите деца на Балканот, на Блискиот Исток, на Глобалниот Југ, кои останаа без кров над глава и без храна на масата.

И токму затоа експанзијата на НАТО мора да сопре. Мора да се стави крај на тој воен пакт кој работи во интерес на воено-индустрискиот комплекс и западниот империјализам. Само така ќе прекине крвопролевањето помеѓу, народски кажано, братски народи. СФ-СН!