(Видео) Протестите продолжуваат – Французите ја запалија зградата на градското собрание во Бордо
Стотици илјади Французи протестираа денеска против пензиските реформи на претседателот Макрон. Денешниот ден е особено критичен за тензиите во земјата – најавени се повеќе од 200 протести, имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата, демонстрантите предизвикаа пожари на многу улици, се подигнаа барикади, искршени се излози.
Се проценува дека во протестните акции учествувале 1 милион луѓе. Во доцните часови беше запалено градското собрание во Бордо. На социјалните мрежи кружат снимки од пламените јазици кои излегуваат од главниот влез, но пожарот брзо бил изгаснат од пожарникарите. Зградата била завршена во 1778 година – повеќе од 10 години пред Француската револуција.
🚨🇫🇷URGENT – La mairie de #Bordeaux prend feu. pic.twitter.com/OUbsiZ4Iu7
— AlertesInfos (@AlertesInfos) March 23, 2023
Незадоволството дополнително беше поттикнато од синоќешното појавување на Макрон на телевизија, во кое тој рече дека протестите се „легитимни“, но дека нема да го принудат да направи пресврт.
Денеска е деветти ден од протестите против измените со кои старосната граница за пензионирање ќе се зголеми од 62 на 64 години. Според синдикатите, вечерва на улиците на Париз имало над 800.000 демонстранти. Тензиите се зголемија на почетокот на периферијата на поворките, каде дојде до судир со полицијата. Судири имало и во други градови – Нант, Марсеј, Лион, Рен итн. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите, кои пак гаѓаа со предмети и пирати врз обезбедувањето.
FRANCE – The town hall of Bordeaux is burning. All of France is burning. Your media is virtually silent.
— Bernie’s Tweets (@BernieSpofforth) March 23, 2023
Rage is as contagious as a virus. They don’t want you to know. And now you do 🔥
pic.twitter.com/zW0LyiNxD2
Во текот на денот штрајкувачките групи ја запреа работата на училиштата, јавниот превоз, блокирани железнички линии, станици, аеродроми. Проблеми има и во рафинериите поради бранот работници кои протестираат, што го наруши и снабдувањето со гориво.