По „жешката пролет и масовни протести“ – Мицкоски се откажа од предвремени парламентарни избори

Во вчерашната емисија на Канал 5 телевизија, Христијан Мицкоски соопшти дека се откажал од предвремените парламентарни избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не е одговорно да се бараат предвремени избори доколку истите не се случај во јуни оваа година, што во пракса е невозможно.

„Да бидеме сериозни, предвремените избори ги бараат граѓаните. Ние имаме претседателски избори кои треба да се случат следната година, доколу сега немаме предвремени парламентарни избори дали може Македонија да си дозволи да биде цела година блокирана? Најпрво претседателски, рпредвремени парламентарни, па додека да се направи Влада 2023 година, па да размислуваме за локаните избори. Дали можеме да си дозволиме да бидеме блокирани?“

Во продолжение тој додаде дека е логично изборите да бидат следната година.

„Замислете да не успеат претседтаелските, замислете цело време ќе си играме, нема толку трпение народот. Логично е ако нема избори во јуни, логично е да бидат заедно претседателските и парламентарните избори“, вели Мицкоски.

Мицкоски претходно постојано бараше предвремени парламентарни избори, најавуваше „жешка пролет“ и „уште пожешко лето“, но и покрај енергетската и економска криза, најголемата инфлација во историјат на Македонија, како и прифаќањето на францускиот предлог, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да се избори за избори.