Ванковска: Видете го медиумскиот мрак и цензура над Левица и Апасиев

Вчера, на собраниска Комисија за промена на Уставот претседателот на Левица – Димитар Апасиев одржа историски говор против најавените уставни измени за бугаризација на Македонија. За жал, овој говор на пратеникот, кој руши рекорди во гледаност и поддршка на социјалните мрежна, не можеше да се види и слушне на телевизија или радио, а медиумите со национална концесија речиси и не спомнаа за истиот. За ова се огласи професорката на философскиот факултет, Билјана Ванковска:

Видете го медиумскиот мрак и цензура: не смеат ни Л од Левица да спомнат, а феноменалниот говор на Димче сепак предизвика земјотрес (иако ни седницата не ја пренесуваа), – напиша професорката на својот фејсбук профил.

Во продолжение професорката додаде дека цензурата е спроведувана и од медиумите блиски до власта, и од медиумите блиски до опозицијата.

Цензурата има една интересна карактеристика: со еднаков жар и послушност ги спроведуваат и оние блиски до власта и оние блиски до опозицијата. Значи, се плашат од “црвената закана”, – заклучи таа.