Од Чешка сметаат дека „францускиот предлог“ е неприфатлив и штетен за Македонија

Чешка е многу вонземирена од Франција и Бугарија, поради тоа што за францускиот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ не биле консултирани другите земји-членки, Франција се консултирала само со Бугарија, а другите земји не знаеле сè додека предлогот не им бил претставен, рече Јана Јузова, истражувач во чешкиот институт Еуропеум, на денешниот форум на скопскиот Институт за европска политика.

Според она што го слушнавме од чешкото МНР, тие се мошне вознемирени од Франција и Бугарија, а причината е бидејќи за предлогот не биле консултирани другите земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина – рече Јузова.

Од чешкиот институт Еуропеум сметаат дека овој „француски предлог“ е преседан за ЕУ и е многу штетен за Македонија.

Чешка и поголемиот дел земји-членки на ЕУ ги сфаќаат сериозните проблеми што постојат со овој проблем и зошто е тој неприфатлив и зошто. Всушност, тој е многу штетен за Македонија да го прифати. Никој не ја следи состојбата во Македонија со спокојство.

Јузова искажа загриженост за она што се случува во Македонија, нагласувајќи дека чешкиот став по ова би бил сосема поинаков.

Загрижена сум каква ситуација ние како ЕУ креираме со овој предлог. Чешкиот став кон ова би бил да направи што помала можна штета за да ги надмине негативните ефекти, и да осигура дека ова нема да стане преседан – рече Јузова, повикувајќи се на разговори со Министерството за надворешни работи на Чешка.