АктуелноЛокално

Симонов: МЗШВ обезвреднува земјоделско земјиште кое подоцна се узурпира од фотоволтаични панели

Квалитетот на земјоделски обработливото земјиште, класифицирано во втора класа, магично, преку ноќ, падна за две класи подолу! МЗШВ со гимнастика во категоризацијата на земјиштето, се обидува истото да го обезвредни, со цел земјоделските површини да се претворат во стаклени џунгли од фотоволтаични панели во сопственост на домашната буржоазија.

На последната одржана Седница на Советот во Општина Свети Николе темата за поставување на фотоволтаични панели, повторно беше актуелна, а до Советот стигнаа барања за поставување на фотоволтаични панели кои претходно беа одбиени. Парцелите за кои беа поднесени овие барања беа класифицирани како земјиште од „втора класа“, но по барање на „инвеститорите“, МЗШВ го намали квалитетот на земјата за две класи, со цел овие претходно одбиени барања за поставување на фотоволтаични панели бидат изгласани од Советот.

Левица предупредува, дека оваа девијација со која се обезвреднува земјоделското земјиште, МЗШВ ќе продолжи да ја практикува и во иднина! Несомнено е дека централната власт ќе остане верно да му служи на крупниот капитал, целосно иземјќи се од интересите на обичниот земјоделец и преку обезвреднување на земјиштето да овозможи негова полесна и поевтина експлоатација, која ќе го максимизира профитот на домашната елита.

Левица останува на ставот дека обработливите земјишта не смеат да бидат претворени во стаклени џунгли на приватните компании, додека сериозно се загрозува површината на која се произведува храна. Енергетскиот сектор и производството на храна, мора да бидат ставени исклучително во интерес на граѓаните!

  • Предлог-одлуката од страна на Советниците не беше изгласана!