22 годишно момче загинало на работно место

Во ОВР Крива Паланка вчера во 10.49 часот било пријавено дека во село Тлминци, кривопаланечко, додека бил на работно место во приватна фирма, врз вработениот М.М. (22) од село Цветово, скопско, паднал тврд предмет, при што тој починал.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид извршиле јавен обвинител, екипа на ОВР Крива Паланка и трудов инспектор.