АктуелноЛокално

Во Австрија со закон е определено каде може да има казино – австрискиот амбасадор во Македонија бара казина до училиштата

По најавувањето на Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа, со кој се предвидува задолжителна дистанца од само 500 метри на објектите каде се организираат игри на среќа од основни и средни училишта, се огласи австрискиот амбасадор во земјава, кој преку отворено писмо, надвор од рамките на својата мисија, се обидува да изврши притисок на Собранието и Владата со цел поддршка на бизнис интересите на австриска фирма.

Австрискиот амбасадор Георг Вуцас за законот кој предвидува казината да бидат оддалечени од училиштата, преку отворено писмо бара од Владата да не го предложи, а од Собранието да не го постави на дневен ред, заради тоа што бил неуставен. Интересно е да се нагласи дека во земјата од која тој доаѓа ,постојат строги ограничувања за тоа каде може да бидат лоцирани коцкарниците.

За споредба, важечкото австриско законодавство ги предвидува следнитие рестрикции на игрите на среќа:

  • Дозволено е поставување на еден автомат на 1.200 жители;
  • Строго ограничување на бројот на лиценци за автомати клубови кои смеат да се бават со оваа дејност;
  • Во општини од повеќе од 500,000 жители, помеѓу клубови со ВЛТ-терминали и казина мора да има оддалеченост од 2 километри, инаку, мора да има најмалку 15 километри оддалеченост помеѓу клубови со ВЛТ-терминали;
  • Постојат дури и ограничување во однос на рекламирањето, најмалото растојание помеѓу машините за игра и сл.

На неговото барање единствено реагираа од Политичката партија Левица. Според нив „причината за ова барање на австрискиот амбасадор е што најголемата светска компанија на игри на среќа Новоматик Аг, со седиште во Австрија, го доминира и македонскиот пазар за коцкање, а извршен директор на оваа компанија е поранешниот еврокомесар од Австрија Јоханес Хан“.

Од Левица велат дека ова е грубо вмешување во внатрешните работи на државата и додаваат дека земјите од „Западот во Македонија единствено се грижи за растот на својот капитал и се повикува на ‘уставност и законитост’ само тогаш кога нивните бизнис интереси се загрозени,“