(Видео) Апасиев: Европските вредности се останати само во главите на социјалдемократите

Вчера со почеток од 19:30 ч на Канал 5 телевизија се одржа првото интервју оваа сезона во емисијата „Само интервју“ каде гостуваше Димитар Апасиев.

Во текот на разговорот беа опфатени повеќе теми, а Пратеникот беше прашан за актуелната ситуација во Русија и случаите на апсење за кои пишуваат домашните портали.

Па и од Запад бегаат, Асанж еве бега, Сноуден бега… Порано бевме навикнати да бегаат од Русија наваму, е сега гледаме дека бегаат наваму. Значи демократските стандарди… Види, европските вредности се само во главите на социјалдемократите според мене останати и овој западнистички глобализам си ги погази.. Не остана ништо свето коешто ние учевме за вредности на Француска револуција, на европско просветителство… Не остана ништо свето!

Во разговорот од страна на новинарот, неколкукратно беа споменати различни апсења кои се актуелни, по што Апасиев потенцираше, дека апсењето е алатка за справување со криминалци и заради тоа мора да се апси секој кој постапувал надвор од дозволеното со закон.

Па сега, ако гледаш формално, еве и нашиве го гонат Груевски и ако се врати ќе го апсат, ако си грешел ќе те апсат, нормално е тоа и ние ќе ги апсиме, еве ти кажав на почетокот, кога ќе дојдеме. И што со тоа? Значи ако си корумпиран, ако си…

Во насока на разговорот од страна на новинарот хипотетички беа споменете и „ликвидирања“ кои се случиле во Русија, иако за истите никој не располага со докази, на што пратеникот додаде, дека тоа е пракса на агентурите како ЦИА, додавајки дека во САД над 60 милиони луѓе живеат без здравствена заштита.

ЦИА исто така ликвидира, немој да мислите дека ЦИА сите фридом фајтери, земете го Мартин Лутер, сите се ликвидирани од ЦИА и што сега? Значи имате примери ако сакате да копате во историјата имате примери и таму и таму. Имено, САД е едно болно општество сега е пред пропаѓање. Дали знаете дека во САД има 60 милиони луѓе кои не можат да отидат на лекар, немаат здравствено…