Локално

Левица: Македонија тоне во долгови – власта со ново задолжување од 600 000 милиони евра

  • Реакција на Политичката Партија Левица

Безидејноста на СДС и ДУИ ја задолжи Македонија на меѓународниот пазар со нови 600 милиони евра, преку издавање на еврообврзница со каматна стапка од 6,5%. Во услови на глобален раст на каматите ова задолжување чини многу повеќе од претходните. Само за пример, лани во просек Македонија се задолжуваше со 3,5 % каматна стапка.

Само по основ на главнина и камата за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, оваа година државата треба да исплати 594 милиони евра за главнина, како и 138 милиони евра за камата!

Владата во континуитет е во трка по нови кредити за отплата на претходните, но, новите задолжувања не само што не се исплатливи, туку се и многу ПОВИСОКИ. Стапката на раст на јавниот долг последниве години е далеку повисока од стапката на реалниот раст на БДП, иако треба да биде многу пониска.

Последните пет години, Владата нè задолжи со дополнителни 2.906 милијарди евра и на крајот на 2022 година, јавниот долг достигна неверојатни 7.703 милијарди евра! Расипничкото однесување на хибридниот режим, кој ја доведе Македонија во должничко РОПСТВО, како и отсуството на економска стратегија, ќе го плаќаат идните генерации.

Неодржливоста на јавниот долг ќе предизвика катастрофални последици и мерките на штедење, односно грчко сценарио, ќе биде неминовно – преку кратење на социјалните трансфери и редуцирање на работничките права.