Цуцуловски: Енгелс уште во 1849 г. прави јасна дистинкција помеѓу Македонците и Бугарите
Агресивната бугарска пропаганда во Македонија, непрекинато работи на историската ревизија и преку искривување на фактите наметнува наративи кои го негираат постоењето на Македонија и Македонците, достојни за XIX век.
Професорот Љубомир Цуцуловски, кој важи за еден од најдобрите марксисти во државава, во насока на побивање на овие ревизионистички наративи сподели цитат од Фридрих Енгелс, уште од 1849 година, во кој наследникот на Маркс прави јасна дистинкција помеѓу Македонците и Бугарите.
Во неколку текстови сум пишувал за, благо кажано, скандалозниот однос на Енгелс кон повеќето словенски народи. Денес, сепак, приложувам краток извадок од неговиот текст „Унгарската борба/Der magyarische Kampf“ од кој се гледа дека дури и Енгелс правел јасна дистинкција помеѓу Бугарите и Македонците, кои ги именува како Македонски Словени:
„Австрија, во раниот среден век, беше земја населена исклучиво со Словени. Според јазикот и обичаите, тие Словени припаѓаат на истото племе на кое припаѓаат Словените во Турција – Срби, Бошњаци, Бугари… и Македонски Словени.“
Текстот првично е објавен во весникот „Neue Rheinsche Zetung“, бр. 194 од 13 јануари 1849 година. Значи, пред скоро два века, – напиша Цуцуловски.