По „Издржи кралице“, Кираџиева со ново дело „Кралицата ќе издржи“

Атлетската репрезентативка на Македонија во маратон повеќе од 20 години, поранешна рекордерка и шесткратна шампионка, Весна Кираџиева, ја промовираше својата нова книга „Кралицата ќе издржи“.

Оваа книга на атлетичарката, практично претставува продолжение на нејзината прва книга „Издржи кралице“ каде коавтор е нејзиниот брат Александар Кираџиев.

„Книгата е есенцијално четиво за секој кој поминува низ секојдневието од предизвиците на животот, предизвици кои може да бидат конфузни, тешки, но токму тоа се обидува да го воочи и потенцира Кираџиева во своето најново дело – никој од нас не е изолиран случај и сите на свој начин учиме да се соочуваме со предизвиците, сите поминуваме низ тешкотии, но успехот доаѓа со упорност, неоткажување и изджливост.” – Вака Кираџиева ја опиша книгата на својот фејсбук профил.

Во ова продолжение авторот се обидува да го мотивира секојдневието на читателот, во правец на остварување на неговите стремежи и цели, независно дали е тоа спортот, трчањето или било која друга животна определба.

Од Скопски маратон книгата „Кралицата ќе издржи“ ја опишуваат како четиво кое: „одговара на многу прашања поврзани со спортот, трчањето и атлетиката, но воедно е многу повеќе од само книга за трчање и тркачи. Книгата е есенцијално четиво за секој кој поминува низ секојдневието од предизвиците на животот, предизвици кои може да бидат конфузни, тешки, но токму тоа се обидува да го воочи и потенцира Кираџиева во своето најново дело – никој од нас не е изолиран случај и сите на свој начин учиме да се соочуваме со предизвиците, сите поминуваме низ тешкотии, но успехот доаѓа со упорност, неоткажување и издржливост.“

Во интервју за Фокус Кираџева кажа: „низ сите овие периоди од мојот живот, желбата за напредок и докажување ми била двигател, желбата да ги откријам и да ги достигнам моите физички граници, да знам за што сум способна, да го видам светот притоа, да научам повеќе од она што може да ми го понуди мојата домашна средина. И подоцна, да трчам и за оние кои не можат, бидејќи работите кои ги имаме, привилегиите во коишто живееме, често, особено кога сме помали, ги земаме здраво за готово, гледајќи во убавините што не сме ги добиле наместо во придобивките што сме ги добиле, со самото тоа што сме се родиле здрави и слободни“.