АктуелноЛокално

Од година во година се намалува бројот на ученици во кумановските училишта

Кумановските основни и средни училишта во континуитет последните години бележат пад на бројот на новозапишени ученици. Ова беше презентирано на претходната Седница пред Советот на Општина Кумановоод страна на Секторот за образование.

Во учебната 2020/2021 година од планирани 2.142 се запишале 1070 ученици или 49,95% од предвидените квоти. Во учебната 2021/2022 од планирани 1.766 се запишале 1.063 ученици или 60,19% помалку од предвиденото. Годинава исто така е аларамантна. Од предвидени 1.728 ученици се запишале само 956 или 55,32 отсто од планираниот број.

Oва не е проблем само во Куманово, туку со целокупното образование во државата. Ситуацијата во септември може да биде уште полоша, особено ако Германија во април донесе ново олеснување на визниот режим и со тоа дојде до дополнително иселување од градот.

Во основните училишта бројката е загрижувачка, помалиот број на запишани првачиња, понатаму ќе биде клучен проблем за формирање на паралелките, но тоа не е единствениот проблем, затоа што отпшувањето на ученици во оваа општина зема се поголем замав.

Во учебната 2020/21 се запишани 1.208 првачиња, во 2021/22 се запишани 1.122 ученици и во 2022/23 запишани се 1.070 првачиња, бројот на испишани ученици од основните училишта, засега не е споделен.