Левица Ѓорче Петров: „Стојкоски позира – улиците руинирани“

Локалниот огранок на Левица во општина Ѓорче Петров жестоко ја критикува работата на градоначалникот Александар Стојкоски, обвинувајќи го за неисполнети ветувања и манипулативен ПР околу асфалтирањето на улицата „Алексо Демниевски“.

Во партиското соопштение се вели дека уште во февруари со „голема медиумска помпа“ бил најавен проект за асфалтирање на 13 краци од улицата, но дека реалната состојба на терен по повеќе од месец и половина е целосно разочарувачка.

„Улиците сè уште се во руини, со изгребан стар асфалт, дупки што ги оштетуваат возилата, и никаде не се гледа ветениот нов слој“, наведуваат од Левица, додавајќи дека станува збор за „класичен пример на несклоп помеѓу маркетинг и реалност“.

Партијата обвинува дека наместо инфраструктурни решенија, жителите добиле „спонзорирани објави и лажна слика за работа“. Дополнително, алармираат дека според теренската ситуација, нема ни план за тампонирање, а евентуалниот нов асфалт би бил со минимална дебелина од само 2 сантиметри – доколку воопшто се постави.

„Во Ѓорче плочи за згради се креваат за 15 дена, а градоначалникот не може ни 2 сантиметри асфалт да нанесе за месец и половина“, велат од Левица.

Со апел до јавноста, партијата поставува и конкретни прашања: „Колку пари се потрошени на ПР и слики, наместо на вистинска работа на терен? Колку чини оваа хронична неспособност?“

Од Левица бараат одговорност, реална акција и приоритет на интересите на граѓаните, наместо, како што велат, „лични агенди и позирање пред камери“.

Целосното соопштение на Локалниот огранок на Левица од Ѓорче Петров во продолжение:

Може да ве интересира