Трајче Заев и функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акции за сузбивање на шверц на марихуана
Трајче Заев, могул во бизнисот со канабис во Македонија со кодирани пораки, се обидувал да спречи објавување на аудио разговори во кои имало докази дека државни функционери од СДСМ и ДУИ саботирале и минирале акции на американска ДЕА кои биле насочени за сузбивање на шверц на марихуана, тврди албанската телевизија „Ора“.
Според „Ора“, лице чиј идентитет не го откриваат поседувало аудио-снимки на кои се посочуваат државни функционери и полицајци кои ја саботирале акцијата на ДЕА, без да се посочи точно за која акција станува збор, и контктирало со Трајче Заев кој во кодирана порака побарал снимката да не се објанува, но и повторна средба.
„Мислам дека би била многу позната книга кога би била објавена. Според мене, оваа книга треба да има што помала публика, но секако дека зависи од вас. Ајде да договориме уште една средба, следната недела“, стои во пораката што наводно ја напишал Трајче Заев, а ја објави ТВ „Ора“
Според информациите на „Телма“, станува збор за пресметка меѓу албански бизнисмен и заменик министерот Назим Буши чија допирна точка е фабриката за производството на медицински канабис „Фајв Летерс“ каде тој бил неофицијален партнер со Буши Јуниор.
Пресметката е поради внукот на албанскиот бизнисмен, кој е уапсен во декември 2020 година и осуден токму поради кражбата на 60 килограми канабис од фабриката „Фајв Летерс“ во која подоцна полицијата најде уште неколку стотини килограми непријавен канабис кој требаше да заврши на црниот пазар.
Во „Фајв Летерс“, во април минатата година, беше извршена уште една кражба и беа украдени околу 70 литри масло од хашиш вредно неколку милиони евра. За оваа кражба е отворена истрага а осомничени нема.
Според информациите на „Телма“, бизнисменот од Албанија во минатото имал средби со Буши и неговиот син токму во фабриката „ Фајв Летерс“ од кога и датира сликата со паркираното ауди, но имал среди и со повеќе други сопственици на погони за производство на кабнабис кои според нашиот извор ги снимал.
Официјално потврдена акција на ДЕА во Македонија е онаа во која беа запленети 200 килограми канабис вреден 800 илјади евра. Во акцијата покрај него беа уапсени и комнадираот на прилепската полиција Кире Спиркоски Чипсио и личниот возач на Трајче Заев Алекјсандар Ушликовски. Сите уапсени освен командирот на прилепската полиција признаа вина, се спогодија со обвинителството и добија пониски затвроски казни.
Преземено од: Телма – Огнен Чанчаревиќ