Западот почна да зборува за новиот светски поредок

  • Фејсбук статус на Круме Богевски – советник од Политичката Партија Левица во Кавадарци

Важно е за нас земјите од Западот да бидат транспарентни и да почнат да зборуваат за реалната состојба во енергетиката, светскиот поредок и преземањето на водството од Истокот.

Зошто? Затоа што пропагандата токму од Западот е таа на која и верува грото на народот во земјите биваат вестернизирани!

За новиот светски поредок почна да се зборува за време на пандемијата, а 2023 може да биде запаметена и како годината кога конечно добиваме мултиполарен свет.

Неделава пропагандата и медиумите од Западот почнаа да го препознаваат и да пишуваат за новиот енергетски светски поредок кој се темели на преговорите кои Кина ги има со Блискиот Исток, со цел да се промени девизата со која се тргува нафтата, за прв пат по повеќе од 70 години!

Financial times, британскиот дневен весник пишува:

Од 1945 година, кога Рузвелт седнал на иста маса со Кралот на Саудиска Арабија Ибн Сауд и договорил доларот да биде девизата со која ќе се тргува нафтата, до денес САД добива директна стабилизација на економијата преку тргување со ресурси од друг континент.

Време е за независност од модерната колонија која САД ја инсталираше на Блискиот Исток преку својата девиза. Кина и земјите од Арапскиот Полуостров веќе преговараат за нова геостратешка заедница.

Во изминатиот период Кина купува огромни количини на нафта и природен гас од Иран, Венецуела, Русија и делови од Африка со својата девиза, а Претседателот Ши Џинпинг имаше состанок и со лидерите на земјите од Арапскиот Залив во декември кој беше означен како “раѓањето на петројенот“.

Аналитичарот на Credit Suisse инвестицискиот фонд, Золтан Пошжар веднаш ги предупреди своите клиенти дека „Кина сака да воспостави нови правила во глобалниот енергетски пазар“, како дел од поголемата цел за де-доларизација на BRICS, како и останати делови од светот по користењето на доларот како оружје во примерот со Украина“.

Ова значи дека поголем дел од тргувањето ќе биде во јени. Ши изјави дека во наредните 3-5 години Кина не само што ќе го зголеми увозот од Земјите од Заедницата на Арапскиот Залив (GCC), ќе работи и кон креирање на поконзистентна меѓународна заедница која заеднички ќе истражува потенцијални резерви на нафта во Јужното Кинеско Море, како и заеднички инвестиции во рафинерии, хемиски инжинеринг и тн. Пекинг верува дека тргувањето во оваа заедница ќе биде со јени на Шангајската берза на нафта и природен гас.

Извор: https://www.ft.com/…/d34dfd79-113c-4ac7-814b-a41086c922fa