(Видео) Агенција блиска до СДСМ и дел од скандалот со Кембриџ Аналиткс ќе го промовира ОБСЕ

Порталот mk.tv21.tv информираше дека претседавањето со ОБСЕ ќе ја чини земјава околу 5 милиони евра, информираше шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, но сепак, според него, придобивките што ќе ги има земјава се многу поголеми. Најголем трошок ќе биде Министерскиот состанок кој треба да се одржи кон крајот на годинава а на кој, меѓу другите ќе учествуваат и САД и Русија. За промоција на претседавањето со ОБСЕ, МНР ангажираше и агенција за која ќе се потрошат 100 илјади евра. Дали во услови на криза за ова не можеше да се ангажираат вработените и во МНР и во Влада?

Шест милиони денари е набавката, агенцијата е Рејтинг и се одлучивме заради тоа што немаат таков кадар во министерството во однос на дизајнери. Во еден час треба да слетуваат 70 министри за надворешни работи. Сето тоа треба да се обезбеди со возила. Ние немаме толку ВИП возила за 70 високи претставници и тоа работиме како да ги најдеме некаде во регионот да ги позајмиме-рече Османи.

Веб порталот Антропол во 2021 година информираше дека агенцијата Рејтинг, која е основана од поранешниот министер и генерален секретар на СДСМ – Ѓорѓи Спасов, од почетокот на март по различни основи наплатила 93000 евра буџетски пари. Актуелен директор на фирмата е неговиот син, Никола Спасов. За делењето тендери на оваа агенција претходно реагираа и од политичката партија Левица по повод тендерите склучени од општина Карпош во износ од 815.380 денари.