80 години од Сталинградската битка – Пресвртницата во победата над фашизмот
Во врска со навршувањето на 80-годишнината од почетокот на Сталинградската битка споделуваме цитати на истакнати политичари, воени лица, историчари, јавни личности и писатели за историското значење на навистина епската битка за Сталинград, која стана пресвртница во Големата Татковинска војна и ја предодреди победата над фашизмот.
Мао Це Тунг, првиот претседател на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина: „Одбраната на Сталинград ги фрустрираше плановите на Хитлер за оваа година, исто како што одбраната на Москва ги фрустрираше неговите минатогодишни планови. Накратко, за Хитлер останува само еден пат – во гробот. Политичкиот живот на Наполеон заврши во Ватерло, но тоа беше предодредено од неговиот пораз во Москва. Сега Хитлер го следи патот на Наполеон, а Сталинградската битка ја предодредува неговата смрт. Секој што песимистички ја проценува меѓународната ситуација треба да го промени своето гледиште“.
Џефри Бараклоу, британскиот историчар: „Руската победа во Сталинград во 1943 година принудува целосно преиспитување на историјата на Европа…Ако ни требаше шокот од Сталинград за да jа разбереме ограниченоста на нашата западна историографија, тоа се случи само затоа што политичките предрасуди што се во основата на нашата западна историска наука нè заслепи за вистинската рамнотежа на силите во 1943 година“.
Роквел Кент, американскиот уметник и јавна личност: „Како Американец, јас сум убеден и мислам дека сите народи во светот треба да бидат убедени во ова: сите ние му должиме голем долг на советскиот народ, ако со еден збор – за Сталинград.“
Георгиj Жуков, Маршал на Советскиот Сојуз: „Победата на нашите трупи кај Сталинград го означи почетокот на пресвртната точка во војната во корист на Советскиот Сојуз и почетокот на протерувањето на непријателските трупи од нашата територија. Тоа беше долгоочекувана и радосна победа не само за трупите што директно го извршија поразот на непријателот, туку и за целиот советски народ, кој работеше напорно дење и ноќе за да ѝ обезбеди на армијата сè што е потребно.
Александар Василевски, Маршал на Советскиот Сојуз: „Битката за Сталинград со право е дефинирана како најголемиот воен и политички настан во целата Втора светска војна. Тоа беше победата на Сталинград што го предодреди почетокот на колапсот на фашистичкиот блок, го зголеми опсегот на ослободително движење во земјите што паднаа под јаремот на нацистичката окупација.
Константин Симонов, советски писател: „Сеќавајќи се на големата битка на Волга, не доживуваме ниту чувство на омраза, ниту чувство на зларадост. Но, Сталинград го сметаме за поука, која, за жал, допрва треба да се потсети. Кој и да бил тука никогаш нема да го заборави. Кога после многу години ќе почнеме да се сеќаваме и кога нашите усни ќе го изговорат зборот „Војна“, тогаш пред нашите очи ќе се издигне СТАЛИНГРАД“.