(Видео) Студијата на Универзитетот Принстон докажува дека САД не е демократска држава

  • Објава на Левичарски институт – Рацин

Пропагандата која доаѓа од Западот, особено онаа од САД, секогаш вели дека, САД, заедно со западните сојузници, бомбардираат и напаѓаат други земји, со цел промоција на демократијата, човековите права и слободата.

При овие воени инстервенции се применуваат брутални санкции кои ги лишуваат невините луѓе од лекови, храна и други неопходни потреби за секојдневен нормален живот; Ги соборуваат владите на другите нации на тој начин што, тајно соработувајќи со екстремистите и сепаратистите во тие нации, таму инсталираат проамерикански режими. Сето тоа го прават во име на демократијата.

Но, фактите иснесени во студија од 2014-та година, направена од страна на истражувачите на Универизтетот Принстон, користејќи податоци од 20 години наназад, говорат нешто друго. Односно, споменатата студија емпириски покажува дека демократијата воопшто ја нема во САД.

Сето ова звучи чудно, но токму тоа е она што го прави пропагандата: Ја извртува логиката и реалноста до точка каде што зборовите и постапките се бесмислени и во контрадикција.