Зошто Исламот ја забранува каматата?

Статус на Никола Петров, член на Левица.


Исламското банкарство претставува дел од исламската економија. Исламскиот финансиски систем настојува рамномерно да ги распредели општествените и моралните димензии со цел да се обезбеди благосостојба во општеството. Неговите темелни принципи се изведени од основните принципи на Шеријатот според кои кредитирањето во исламските земји се заснова на потполно покритие на сите влогови од страна на населението и на позајмување пари без камата. Имено, во Исламот е дозволена трговијата, но не и лихварството.

Согласно ова, исламските банки на своите клиенти им нудат финансирање без обврска за камата. Во XX век се појавил сомнеж кај некои исламски економисти дали поимот „реба“ што на арапски јазик значи „камата“, е исто што и англискиот поим „interest“, односно дали секаков вид на камата е забранет. Подоцна било заклучено дека било каков вид на камата е исламски забранета. Според Ебу Хамид ел Газали, каматата ги спречува парите да ја вршат својата вистинска функција како средство за мера на вредноста и средство за размена, а додека функцијата на парите како средство за натрупување на богатство ја смета за лоша функција и непожелна за опшеството.

Според исламското банкарство парите, сами по себе, не може да произведуваат пари. Ебу ала ел Мавдудија вели: „Кој рационален принцип, која логика, кој законски пропис и кој исправен економски принцип може да си даде за право да на оние кои го трошат своето време, енергија, капацитет и ресурси, а чии што напори и способности ги сочинуваат нивниот деловен напредок, не им биде гарантиран профит во некој фиксен износ, а на оние кои што само ги позајмуваат своите слободни средства, притоа обезбедени од било какви ризици и загуби, да им биде однапред гарантиран профит во фиксен износ“.

Суштината на исламските банки е посредување помеѓу оние кои имаат вишок средства а немаат каде, или не знаат како да ги пласираат и оние кои немаат доволно пари да ги задоволат своите инвестоциони или потрошувачки потреби.

Христијанството исто го забранува лихварството. Кој има две кошули, една нека му даде на ближниот кој нема ни една. Верата не учи на хуманост и солидарност со ближниот наш.

Само ние имаме министерка која нема никакво знаење за ништо, за жал.

Исламското банкарство претставува дел од исламската економија. Исламскиот финансиски систем настојува рамномерно да ги…

Публикувахте от Nikola Petrov в Сряда, 1 април 2020 г.