Грчки националисти го нападнаа домот на Архимандритот Никодим Царкњас
Грчки националисти го нападнаа домот на Архимандритот Никодим Царкњас, причината за тоа не е кажана јавно, но, главната претпоставка е дека поради тоа што тој е Македонец кој тоа не го крие и често е дел од македонските собири, како во Грција, така и во земјите од соседството.
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2023/08/370310160_836471211445402_3501537814882716323_n-1024x769.jpg)
Неговиот дом беше каменуван, беа фрлани и јајца, а во дворот му беше напишано ЕЛЛАС. За оваа објава на социјалните мрежи е заслужен Стилианос Самартзис.
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2023/08/370036160_836471234778733_4939123042895434819_n-1024x769.jpg)
„Во домот на Архимандритот Никодим Царкњас… Грчки националисти му фрлија јајца на автомобилот и му напишаа на бетонскиот под ЕЛЛАС. Камења на прозорците.. До кога теророт врз 81 годишен старец ќе продолжи?“ – стои во објавата каде беа споделени фотографиите.