АктуелноЛокално

Левица на Седница на ЦК го реафирмира ставот против Уставните измени

  • Соопштение на Политичката партија Левица

На 27-ми ноември 2022 година, се одржа XIX. и XX. седница на Централниот комитет на Левица на кои се донесени следните заклучоци:

Левица ја рефирмира позицијата против најавените уставни измени, кои од страна на Владата се лажно претставени како нужност за европската иднина на државата и се залага за ИТЕН ПРЕКИН на преговорите со Република Бугарија – преговори во оваа насока се прифатливи единствено со институциите на ЕУ, без засебни преговори со било која од нејзините земји-членки;

Левица го афирмира ставот за интеграција во ЕУ на Република Македонија, но, НЕ по цена на рушењето на државните конститутивни елементи – загрозувањето на унитарноста, независноста, суверенитетот и екслузивното право Република Македонија суверено да одлучува за своите внатрешни прашања, како и нејзината државна позиција во меѓународните односи;

Левица застанува против политиките на неолиберализација и приватизација како препораки на меѓународните институции како ММФ, Светската Банка, ЕУ и други слични меѓународни институции.

Левица препознава нова фаза во процесот на ПАСОКИЗАЦИЈА на СДСМ: Последните клевети кон Левица од страна на СДСМ и подредените медиуми, интересни групи и поткупени поединци – се вовед во новата фаза на пасокизација, која ја перцепираме како повод за препознавање на дистинкцијата помеѓу корумпираното раководство на СДСМ и заробеното и уценето гласачко тело и голем дел од обичното членство, кои во сè поголем број ја откажуваат поддршката кон СДСМ и јавно инклинираат кон Левица.

Поради серастечката геополитичка несигурност и превирања во меѓународните односи, Левица се заложува за градење на соработка и интензивирање на врските со антиимперијалистички партии, кои се идеолошки сродни и стратешки прифатливи.

На седницата е и верификувано кооптирањето на Јован Крајевски за член на Президиумот на Левица.