Гугл, Фејсбук и олигарсите на „Big Tech“ го претставуваат тројанскиот коњ на тоталитаризмот

Зак Воријес, еден од врвните инженери на „Google“, откако ја напушти компанијата, откри алгоритми за преработка на „Big Tech“ кои се користат за подмолни цели. Во неговото интервју за „The Epoch Times“ рече дека технолошкиот титан специјално го прилагодил својот алгоритам за вести со цел да му наштети на поранешниот претседател на САД.

Зборувајки за „Big Tech“ тој изјави дека „Гугл“ го смени својот алгоритам со цел да се осигура дека негативните приказни од медиумите за Доналд Трамп се она што луѓето постојано ќе го гледаат на интернет страниците и социјалните мрежи.

„Луѓето се сомневаат дека ова се случува. Дека одредени клучни зборови предизвикуваат работи во рамките на алгоритмот… Тоа всушност се случува“, – рече Воријес. Тој истакна дека ново напишаните (негативни) приказни за Трамп биле дигитално поврзани со постарите вакви приказни. Ова било правено со цел да се осигураат дека тие остануваат на врвот од резултатите на пребарувањето. На овој начин луѓето непрекинато, одново и одново, добивале негативни информации за претседателскиот кантидат.

„Тие всушност им дозволија на мејнстрим медиумите да ги структурираат своите приказни и тие да останат на врвот од индексот на пребарувањето вести“ – вели Воријес.

Зак Воријес напиша книга за своето искуство од работењето во Google. Тој рече дека негова цел е „теоријата на заговор и да ја претвори во факт на заговор“ со споделување на практиките што ги гледал како човек кој долги години работел на проекти од Google и YouTube.

Во неговата книга стои дека „Лудилото на ‘Big Tech’ и нивниот обид да ја обликуваат нашата реалност во верзија компатибилна со глобалистичкиот поглед на светот, никогаш не функционирала подобро отколку во овој застрашувачки алгоритам за информирање преку Гугл“.

Како врвен инженер во Гугл, Воријес повеќе години ја анализираше нивната пристрасност за време на изборните кампањи и влијание во креирањето на јавното мислење. Тој го напушти Google во 2019 година, доставувајќи 950 страници внатрешни документи до Министерството за правда. Дали тие ќе преземат нешто засега не се знае.

Според него „Гугл, Фејсбук и олигарсите на „Big Tech“ го претставуваат тројанскиот коњ на тоталитаризмот“.