(Фото) Мојсоска: Што остана од некогашниот гигант Треска

  • Фејсбук статус на Јована Мојсоска – Секретар на Политичката партија Левица

Ова е се’ што остана од некогашниот гигант Треска, во кој егзистенцијата ја обезбедуваа над 600 работници.

Имот кој беше раскрчмарен преку криминален стечај, оштетени работници со неисплатени плати, незаконски донесен ДУП – за сега да никнат комплекси згради во интерес на две градежни фирми ,,ГОЛДЕН АРТ” и ,,МЕГА АКУСТИК”.

Минатата недела, Уставниот суд ја одби иницијативата за оценување на ДУП-от за Треска, БЕЗ НИКАКВА ЈАВНА РАСПРАВА. Овој ДУП е донесен 2012-та година и иако истиот е спротивен на Генералниот урбанистички план, Судот на Кацарска не најде потреба да отвори предмет.

Претходно, истиот Уставен суд го укина мораториумот за градење на Треска – за да ги задоволи интересите на градежната мафија која се закануваше со кривични пријави.
Бидејќи ДУП се носи на 5 години, Герасимовски можеше (и требаше) да иницира носење на НОВ урбанистички план. Сега таму ќе се гради по истечен ДУП, спротивен на УСТАВ, со криминална спроведена ПРИВАТИЗАЦИЈА на имотот во корист на фамилијата ВИЌЕНТИЈЕВИЌ. Преку криминален стечај, оваа фамилија со денационализација го добила целиот имот на Треска, кој претходно им припаѓал на работниците.

Цела корумпирана спрега составена од стечаен судија, градоначалници, советници, министерства, Уставен суд се ставија во служба на овие две градежни компании и на фамилијата Виќентијевиќ.

Сликата е приказ на она што остана од едно минато време, како што го ословуваат НАТО-партиите: диктатура и режим. Во денешната капиталистичка демократија, го нема режимот и ги нема работниците и фабриките. Како што ја уништија Треска, така ја уништија и надежта на работниците дека некогаш повторно достоинствено ќе се живее – како во времето на “тоталитарниот режим”.