Муцунски се иззема од одговорност – Левица со барање за инспекциски надзор до Град Скопје

  • Соопштение на Левица – ЛО Аеродром

По константните поплаки од жителите и по претепувањето на наш советник од страна на газдата на мафијашкото дувло – кафе Хелиум и неговите пајташи (кои со месеци се закануваа на советникот), Левица поднесе барања за вонреден инспекциски надзор од град Скопје и општина Аеродром.

Зошто градоначалникот Тимчо Муцунски се иззема од одговорност за баханалиите на угостителската мафија во Аеродром?

До нас стигнаа информации дека за време на кампањата за локалните избори, овој кафич, Хелиум, имал отворена сметка за бесплатни пијалоци за учесниците во кампањата на Тимчо и на Цанд, со што најверојатно си ја купил можноста, без ронка одговорност, да може да узурпира зеленило, па дури и детско игралиште, изградено од општината во времето на Марин, кое му служи како игротека во склоп на кафичот.

Ние од Левица – Аеродром нема да се повлечеме во барањето на одговорност за угостителската мафија, што ја држи општината сосе градоначалникот во својот џеб со МИТО и корупција.

Истата мафија буквално прави што сака во општината, од гласна музика, узурпирање на зеленило, тротоари, детски игралишта, до несоодветно поставени оџаци чив чад ги труе жителите на зградите каде има ресторани и кафе барови.

Бараме инспекциските служби да постапат законски и да одговорат на сѐ погласните жалби на жителите на Аеродром од арогантноста на угостителската мафија и да покаже дека е општина на сите жители, а не само на мафијата.

Бидејќи мафијата не гласа на избори, туку жителите.