Левица: Секој дијабетичар мора да има пристап до квалитетна здравствена заштита
- Соопштение на Политичката партија Левица
Денес, сите земји членки на Светската здравствена организација и Меѓународната федерација зa дијабетес го одбележуваат Светскиот ден за борба против дијабетесот што за прв пат е одбележан на 14-ти ноември 1991 година.
Според податоците на СЗО, 11 отсто од севкупното светско население има Diabetes Mellitus – состојба позната како шеќерна болест. Во Република Македонија од 120.000 до 180.000 граѓани имаат ваква состојба или ги трпат последиците што таа им ги нанесува. Од оваа болест најчесто страдаат мозокот, срцето, бубрезите, кожата, нервите, почесто се јавува сенилност и импотенција кај мажите, а особено страдаат очите при што може потполно да се изгуби видот.
Со оглед на трулата состојба во нашиот здравствен систем, пациентите се судираат со повремен недостиг од ленти за проверка на нивото на шеќер во крвта, од инсулин, од инсулински пумпи и со други неопходни лекарства како што е денес пример недостигот на инсулин во Тетовската болница.
Потсетуваме дека особено ова популација беше во опасност во текот на пандемијата кога не можеа пациентите да остварат директен контакт со матичните лекари. Во овој момент овие луѓе се судираат и со фактот дека тешко се добива термин за лекување во секундарното и во терциерното здравство, а за нив тоа е важно поради компликациите од болеста. Дополнително изразен е проблемот на пациентите што имаат компликации со очите.
Терапијата што се употребува во лекувањето на дијабетската ретинопатија можат да ja добијат само во Скопје и Битола.
Овие здравствени установи употребуваат 2 препарати при лекувањето, но бројот од дозите за коишто средства дава Фондот за здравство е недоволен. Така болните луѓе се насочуваат кон шесте приватни установи што аплицираат Анти – ВГЕФ терапија која е скапа и мора повеќекратно да се употребува. Ова е особено голем удар по џебот на пациентите.
На Светскиот ден на Дијабетот 14.11.2022 година, апелираме дека Диабетес е хронична состојба што бара постојана контрола и соодветно лекување. Со оглед на економската криза нашите граѓани се крајно осиромашени, а јасно е дека дијабетичарите имаат посебен режим на исхрана и во услови на економска криза не можат да си дозволат правилно да се хранат што дополнително ја влошува нивната здравствена состојба.
Здравствениот сектор при Политичката партија Левица потсетува дека неуморно ќе продолжи да се бори за пациентите со шеќерна болест да имаат пристап до квалитетни и бесплатни здравствени услуги со што нема граѓаните да бидат доведени до непотребни страдања и поголема стапка на смртност.