„Либералната идеја“ за ускратување на студентскиот оброк на Зајкова повлечена од процедура

По притисокот од студентите, Зајкова од ЛДП и власта се предомислија и ја повлекоа оваа „либерална идеја“ предложена од единаесет пратеници на СДСМ и ЛДП со која се ускратуваше правото на студентски оброк.

„Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк кои предизвикаа оправдани реакции меѓу студентите по однос на критериумите кои се вметнати се повлекоа заради усогласување во овој дел заедно со претставниците на студентите“ – напиша Зајкова на фесбук откако ја разбра својата грешка.

По неуспехот за спроведување на оваа „либерална идеја“, и притисокот создаден од студентите, Моника Зајкова ги повика студентите на разговор, ќе биде интересно што пратеничката ќе им соопшти на студентите за тоа што се обиде да им го скрати студентскиот оброк

Јавно ги повикувам претставниците на универзитетските студентски собранија на итна средба во Собранието на Република Македонија во понеделник (14 ноември) во 16.30 часот, сите заедно со министерот Шаќири да дискутираме по однос на овој дел од законот сѐ со цел да најдеме заедничко решение кое ќе биде системски воспоставено и ќе обезбеди здрав оброк на студентите, како што впрочем и беше првата намена“.

Единаесет пратеници на СДСМ и ЛДП, меѓу кои и Зајкова, во Собранието беа иницијатори за измени на Законот за студентски оброк со кои се предвидува одредена селекција на тоа кој има право на субвенциониран студентски оброк.