ЈП Водовод Куманово за три месеци остварило загуба над 15 милиони денари
- Реакција на Левица – ЛО Куманово
На девета седница на ЈП Водовод Куманово одржана на 01.11.2022 година едногласно беше подржано работењето на ЈП Водовод со рекордна загуба во износ од 15.025.075,00 денари за само 3 месеци. Единствено поддршка не добија од нашиот член бидејки беше против вакво работење.
Вакво темпо на работа на ЈП Водовод Куманово е забележано во последните 9 месеци од 2022 година поради фактот што претпријатието има остварено загуба од своето работење во износ од 27.792.200,00 денари што укажува на сериозноста на овој проблем.
Оваа состојба мора да биде регулирана бидејки ваква пракса во работење на ЈП Водовод Куманово е на штета на жители на град Куманово и не смее да се дозволи да продолжи.
Левица Куманово како политичка партија и глас на народот секогаш реагира и дејствува во интерес на граѓаните, го спречува ваквото недомаќинско работење и трошење на пари на граѓаните.