Димоски: 96.700.000 евра профит оствариле три банки во Македонија

  • Фејсбук статус на Мартин Димоски – Советник од Левица во Општина Карпош

Трите најголеми банки за првите 9 месеци од годината оствариле зголемување на добивката па заедно се офајдија 96.700.000 евра.

Огромниот пораст на добивките (Комерцијална Банка АД Скопје забележа пораст од 36.6%) на банките следат откако изминатиот период беа зголемени провизиите и другите трошоци (електронско банкарство, известувања, достава на изводи…).

Пред една недела се зголеми и варијабилната каматна стапка, па сега сите оние кои земаа кредит наместо првичниот износ (главнина + камата) сега на банките ќе треба да им вратат повеќе пари. Тоа ќе донесе до зголемување на профитот на банките, како и зголемување на сиромаштијата.

Во меѓувреме гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со гордост изјавува дека банките останале стабилни и покрај кризите, додека истовремено сиромаштијата е на рекордно ниво, а се повеќе од домаќинствата не се во можност да ги покриваат режиските трошоци.

Банките, покрај компаниите од енергетскиот и здравствениот сектор бележат огромно зголемување на профитите од почетокот на КОВИД-19 кризата. Сето тоа на грбот на обичниот граѓанин. Единствениот спас и излез од нивното заложништво е нивна национализација.