Симонов: Либералите имаат супер моќ секогаш да бидат на погрешната страна

  • Фејсбук статус на Александар Симонов, Координатор на Левица – Сектор Надворешна политика

Либералната интелектуала која целосно си го поддржаа и изгласаа т.н. „Преспански договор“ денес си пукаше во колено по којзнае кој пат.

Во „договорот“ има еден посебен момент кој се однесуваше на имињата (топонимите), а тоа е дека Македонците нема да можат повеќе градовите од Егејска Македонија да ги ословуваваат со „нашите“ (словенски или какви да се) туку ќе се ословуваат со „нивните“ имиња (ендоними, наместо егзоними).

Па така по „договорот“ ако сте Србин вие можете да одите, да бидете и било што да правите во Солун, но ако сте Македонец вие го можето истото ама во Солуники, оти употребата на ваквите имиња за нас е целосно забранета.

Е сега, овие Либерали кои на Македонците или ако саката уште подобро вклучително и на Егејците, им забранија своите родни места да ги именуваат на својот мајчин јазик, излегуваат со предлог Владата (патем онаа истата со која заедно ја направија оваа забрана) да донесе одлука да ги користи „украинските топоними во македонскиот јазик“!

И види им смисла за хумор, на крај велат: „Со одбрана на украинскиот идентитет и самобитност, се брани воедно и македонскиот идентитет и самобитност, како и вековното опстојување на двата идентитети“! – Па дечки, понекогаш стварно мислам дека е тенка линијата помеѓу политика и дијагноза.

Неколку интересни факти:

  1. Последен пат во историјата кога имало масовно менување на имиња, топоними и рушење споменици во Европа, како што тоа се случуваше изминатите години во Украина, а денес масовно го прават земјите од Балтикот и Финска, е периодот 1937 – 1939. Ви текнува во кои земји и кој владееше таму нели? – Уште подобро знаете каква војна следуваше!
  2. Во Украина процесот на промена на симболи, имиња и забрана на употреба на јазик го започнаа токму тие луѓе кои користат идентични симболи како овие од периодот од 1937 до 1939 година.
  3. И тогаш и сега, ова беше „Либерална идеја“, која рака под рака одеше со поддшка од социјал-демократите. (Деталите за ова можете да ги прочитате во „Историја на меѓународното лево движење“)

-Во исчекување сме на наредните протести против отвроњето на клубови со имиња фашистички дејци либералите да бидат во првите редови од протестите.

-Легендата вели, Либералите некогаш во историјата направиле нешто државотворно за Македонија!

p.s. Кој и дава право на Владата да одлучува за прашања поврзани со јазик? – Знам дека ве држи ЕУфорија од претходниот Премиер кој се покажа како исклучително добар лингвист, ама за Јазикот одлучуваат Лингвистите!

p.p.s. Ај се кладиме дека и на наредни избори Либерална нема да оди самостојно, туку ќе се шлепа на коалиција со некоја од „Големите“ пошто знаат дека ако одат самостојна нема да освојат ни едно пратеничко место! (од дома нема да ги гласаат).