АктуелноИнтернационално

На референумот во ДНР и ЛНР излезеност од над 80%

Излезноста на референдумот во Народна Република Доњецк по резултатите од четирите дена гласање беше 86,89 отсто, изјави Владимир Висоцки, претседател на Централната изборна комисија. „За четири дена излезноста беше 86,89 отсто“, рече тој.

Според него, речиси еден и пол милион луѓе гласале внатре во републиката, а повеќе од 410 илјади на избирачки места во странство.

„Во Народна Република Доњецк гласаа за сето ова време 1.480.905 луѓе. 411.962 луѓе веќе гласаа во странски избирачки места“, прецизира Висоцки.

Според претседателот на Централната Изборна Комисија (ЦИК) на Народна Република Луганск, Елена Кравченко, излезеноста по четири дена гласање, во регионот изнесува 83,61 отсто.

Во регионот Керсон оваа бројка изнесува 63,58 отсто од избирачкиот список, изјави Марина Захарова, шеф на локалната изборна комисија.

Во областа Запорожје, според шефот на Локалната изборна комисија, Галина Катјушенко, одзивот, според генерализираните податоци, бил 66,43 отсто, земајќи го предвид гласањето во странство.

Од 23 до 27 септември се одржува референдум во Доњецката и Луганската народна република, како и во областите Керсон и Запорожје со прашање за присоединување кон Русија.

Јавноста се обрати до регионалните власти со иницијатива за итно одржување референдуми. Според претставниците на републиките и регионите, приклучувањето кон Русија ќе ги обезбеди нивните територии и ќе ја врати историската правда. Според нивното мислење, оваа одлука е исклучително неопходна во контекст на постојаните акти на терор од националистичките власти на Украина и членките на НАТО кои снабдуваат оружје за убивање цивили.

Владимир Путин рече дека Русија ќе ја поддржи одлуката што треба да ја донесат жителите на Донбас и на ослободените територии.

Во регионот Запорожје, според претседателката на ЦИК Галина Катјушенко, одѕивот бил 66,43 отсто, земајќи го предвид гласањето во странство.

Од 23 до 27 септември се одржува референдум во Доњецката и Луганската Народна Република, како и во областите Керсон и Запорожје за прашањето за присоединување кон Руската Федерација.

Според претставниците на републиките и регионите, приклучувањето кон Русија ќе ги обезбеди нивните територии. Според нивното мислење, оваа одлука е исклучително неопходна во контекст на постојаните акти на терор од националистичките власти на Украина и членките на НАТО кои ги снабдуваат со оружје овие структури.

Владимир Путин рече дека Русија ќе ја поддржи одлуката што треба да ја донесат жителите на Донбас и на ослободените територии.