Директорката на Токсикологија одбива да говори на македонски

Директорката на Клиниката за токсикологија, Бесија Илјази, денеска на прес-конференција одби да се обрати на македонски јазик. Поради тоа, новинарите демонстративно ја напуштија средбата.

За новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија веќе беше објавено дека не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника.

Според вработените, таа неретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

Инаку, Илјази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно турка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31.12.2023.