АктуелноЛокално

Отворена нова канцеларија на Левица во Општина Аеродром

  • Соопштение на ЛО Левица Аеродром

Вечерва, на 21 септември, ЛО ЛЕВИЦА Аеродром отвори нова канцеларија во Три Бисери. Потребата беше иницирана од рапидниот скок на ново членство на бастионот на Левица – Општина Аеродром, каде огранокот има најголемо гласачко тело.

Народот ја препознава идеологијата на Левица која е негова партија, народна партија и која егзистира, се бори и ќе се бори за доброто на сите.

Сè повеќе ги препознава вредностите на Левица, нејзината прогресивност градена врз темелите на нашите предци кои гинеле за Македонија. Вредностите кои се темелат пред сè ce Вистината, Правдата и Еднаквоста меѓу еднаквите.

Левица е поинаква партија, која ветува грижа за сите, но најмногу за обичниoт народ кој минатите децении изгуби доверба во сегашните партии на власт кои сега пропаѓаат една по една вo бездната на безидејноста, криминалот и незаинтересираноста за суштествувањето на “нивниот” народ.

Тргнувајќи од овде, ЛЕВИЦА и ЛО ЛЕВИЦА АЕРОДРОМ го повикува народот да се охрабри и да пристапи без страв кон новата иднина.