АктуелноЛокално

Мојсоска: Заради странскиот капитал народот живее во колонијално ропство

  • Фејсбук статус на Јована Мојсоска – Генерален секретар на Политичката партија Левица

ЕВН го “купи” ЕСМ за 225 милиони евра во 2006 година, а џелатот на оваа продажба беше денешниот преговарач со Бугарија, Владо Бучковски.

Продажбата беше извршена на шест месеци пред парламентарните избори, па дел сметаат дека причина за поразот на СДС од страна на Груевски беше и продажбата на највредната македонска компанија.

Иако тогашната опозиција се противеше на продажбата, ниту еден денар од продажбата не беше инвестиран во енергетски капацитети (па 30 години слушаме за хидроцентралата Чебрен).

Власта на Груевски никогаш не ја истражи продажбата на ЕСМ, а Бучковски доби и политичка амнестија како отворен противник на тогашниот старо-нов лидер на СДС, Бранко Црвенковски. Дури и беше чест гостин во тогашните провладини медиуми.

Кога енергијата како најважен ресурс е под контрола на странскиот капитал воден од интересот за профит, тогаш народот живее во колонијално ропство.

Единствената причина поради која Југославија им пречеше на “странскиот фактор” е тоа што нивните корпорации не можеа непречено да ги експлоатираат природните богатства. Затоа единствено правичен и ефикасен систем за мали држави (кои немаат експлоататорска историја на колонијализам и империјализам) е социјализмот.