Кина и Иран потпишаа 25 годишен Договор за сеопфатна соработка

Во саботата во Техеран, министрите за надворешни работи на Кина и Иран, Ванг Ји и Џавад Зариф, потпишаа договор за унапредување на сеопфатната соработка помеѓу двете земји.

Планот за сеопфатна соработка е производ на напорите на двете страни откако во јануари 2016 издадоа заедничка изјава за намерата за воспоставување на сеопфатно стратешко партнерство.

Според новиот договор, двете страни ќе ги развојат потенцијалите за економска и културна соработка и ќе направат планови за долгорочна соработка, изјави Ванг, додавајќи дека верува дека ова ќе придонесе кон континуираното надградување на стратешкото партнерство помеѓу Кина и Иран за доброто на двата народи.

Кина стои подготвена да ја зацврсти соработката со Иран на полиња како што се борбите со пандемиите, заштитата на јавното здравје, како и изградбата на заедница на здраво човештво, изјави Ванг

Зариф изјави дека потпишувањето на новиот план за соработка ќе внесе нова енергија за зацврстување на соработката која е од взаемна корист. Првиот дипломат на Иран ја поздрави цврстата поддршка на Кина за Иран во однос на нелеганите санкции наметнати од САД, а и нагласи дека ќе стои рамо до рамо со Кина во спротивставување на западните сили кои наметнуваат незасновани притисоци врз Кина.

Подвлекувајќи дека светот се соочува со нови промени, Ванг ги повика Кина и Иран да продолжат со заедничката поддршка на прашања кои се поврзани со централните интереси на двете земји, а кои се однесуваат на основните норми на меѓународните односи, заедничките интереси за развој на земјите, како и еднаквоста и правдата во меѓународната заедница.