ДПМНЕ ги поддржува директорите на СДС во училиштата, за возврат се добиваат тендери

  • До редакцијата на Антропол пристигна анонимно писмо во кое се говори како на последните конкурси за директори во училиштата ДПМНЕ ги поддржува директорите поставени од власта, со цел добивање што е можно повеќе тендери

Секаде каде што на последните конкурси за директори, покажале интерес да конкурираат симпатизери на опозицијата за директори во училиштата, без разлика дали се од ДПНЕ или друга опозициона партија, истите биле минирани со наредба од највисоките кругови на ДПНЕ и биле поддржани за директори кадрите од СДС, инсталирани уште за време на владеењето на Заев, преку опозиционите професори и родители членови на училишните одбори, кои добиле инструкции да ги реизберат постојните директори!

Тоа особено е видливо во скопските средни училишта, каде нема ниту една промена на директори на последните конкурси, со што ДПНЕ ги минира и ингеренциите на градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, давајќи им поддршка преку училишните одбори на сите директори поставени од СДС да ги задржат функциите, а кои за возврат ќе треба да ги протежираат за тендери фирмите на главниот ,,опозиционер” и неговата ,,опозициона дружина”!

Па не може да се губи време со поставување на нови директори и нивна допрва едукација за тендерај, кога постојните си ја знаат веќе работата! Навистина лута и борбена опозиција сме имале….

И волкот сит и овците на број! Зачувани привилегии на старите директори поставени од позицијата, нивна закрила за опозиционите елементи од професори и ученичињата чии родители помогнале во нивниот реизбор преку училишните одбори, тендерчиња за ,,опозицијата” која го реизбрала СДС директорот со обврска за обостран интерес од тендери и бизнис интереси, никакво унапредување на квалитетот на образование, туку пропаст, корупција и општа штета и по образовниот процес, и по учениците и по чесните професори, кои цел живот чесно си го заработуваат лебот и не можат да се справат со ,,мафијата” во сопствените редови, како и останатите во сите други професии!

Примери за тоа имаме на секој чекор во последните 7 години, во секоја институција и сфера на живеењето, каде што ако не е индиректната помош и перманентна глума од првенците на опозицијата во владеењето на оваа гарнитура, досега ќе беа збришани илјада пати, заради сите злодела што им ги направија на државата и народот!

Без нивната ,, опозициска” помош, не може да бидат избирани и да владеат криминалците на режимот, да ја растураат државата како сакаат, поточно без асистенциите на ,, главната опозиција” и постојаното сервирање на ,,кворум” за позицијата од нивна страна, немаше да биде возможно толкаво продолжување на векот на оваа предавничка власт!

Навистина е срамно глумењето на ,,лут противник” на власта, пред своето членство и народот, на лидерите на најголемата опозициона партија, кое е прочитано и констатирано стотици пати, за овие 7 години!