Уставен суд ја игнорира иницијативата на Левица – Двојазичните униформи се противуставни

  • Правниот тим на Левица смета дека воведувањето на двојазичните униформи во полицијата е протиуставно и остро реагира на фактот дека Уставниот суд ја игнорира инцијативата поднесена од Левица уште во ноември, минатата година.

Груби се пофали со двојазичните амблеми за полицијата, кои се воведуваат противуставно со уредба на Влада!!! И покрај тоа што на 24 ноември минатата година, Левица поднесе Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со која Владата на Република Македонија воведува двојазичност на униформите на полицијата, Уставниот суд ја игнорира истата и не постапува по неа. Истовремено со Иницијативата, Левица бараше изрекување на времена мерка, но Уставниот суд повторно не постапува и по ова барање, па така оваа скандалозна Уредба на Владата влезе ВО СИЛА!

Левица во неколку наврати алармираше дека овој подзаконски акт донесен од Владата е во директна спротивност со Уставот, Законот за полиција, Законот за внатрешните работи и Правилникот за носењето, времето на траење и распределбата на униформата и ознаките на униформата на полицијата.

Левица будно ја следи секоја повреда на законите и Уставот на РМ во насока на зачувување на темелните вредности за што постојано поднесува Иницијативи, кривични пријави и останати правни инструменти.

Но, покрај инертноста на надлежните институции, Левица останува доследна во борбата , притоа повикувајќи ги надлежните институции, обвинителства и судови да се охрабрат и да одлучуваат согласно Уставот и законите, а не според партиски наредби и лични интереси“, – стои во објавата на Правниот тим на Левица!