АктуелноЛокалноСтав

Кој треба да профитира од продажбата на Мауцкер

  • Фејсбук статус на Јована Мојсоска – член на Президиумот на Политичката Партија Левица

Очигледните спинови и манипулации од власта на ДПМНЕ во Охрид во однос на продажбата на Мауцкер, укажуват дека некој “дебело” треба да се нафатира од продажбата на некогашното стрелиште и археолошко наоѓалиште Мауцкер.

Претседателот на Совет на општина Охрид објавил ноторна ГЛУПОСТ дека со поднесените амандмани за блокирање на точката за продажба на Мауцкер, блокирана е цела седница.

Донев, доколку сака да се одржи седницата, може да достави нов дневен ред БЕЗ точката за продажба на Мауцкер!

Одвратно е да се играт со емоциите на народот и да се тврдит дека цела седница е блокирана, само за власта на Пецаков да си го пројдит “бонбона – бизнисот” со Мауцкер, чиј дел е прогласен и за културно наследство.

Манипулациите и спиновите по секоја цена Мауцкер да одит на продажба единствено потврдуват дека власта во Охрид требит да си ги исплатит фактурите на тие што им ја финансираа кампањата.