Пропадна коалицијата на СДС во Општина Гевгелија

  • Пишува Саше Јанчев – член на ЦК при политичката партија Левица

Вчера на седница на Совет во О. Гевгелија се случи драма.

Коалицијата на СДС пукна ко тиква.

На дневен ред беше одлука за идно можно задолжување на Општината со цел изградба на западниот булевар “Св. Климент Охридски”.

За точката покрај членовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаше и членот на ВМРО-Народна, Кралев. Кај е тука финтата?
Финтата е што членот од ВМРО-Народна е во коалиција со СДС.
Драмолетката одеше вака.

Прво од СДС побараа ВО ИМЕ НА КОАЛИЦИЈАТА, значи и во име на ВМРО-Народна, точката да се тргне од дневен ред.

На гласањето дали да се тргне точката или не, СДС и КОАЛИЦИЈА, значи и Кралев, гласаа да се тргне точката, арно ама немаа доволно гласови.

Значи коалициониот партнер, Кралев, не шо не им кажал дека се испазарил, ами и гласаше да се тргне точката како шо сакаа од СДС и со тоа не остави простор за сомнеж кај СДС дека има некаква игра. Ги возеше човеков за сите пари.
А шо е најјако возењето не застана тука. Истиот ги остави СДС цел час да дискутираат и да објаснуваат зошто не треба точката да помине и овие објаснуваа и објаснуваа и објаснуваа.

Дојде ред за гласање и оп, шок.
ВМРО-ДПМНЕ се девет, фали еден за мнозинство и оп, десет гласа.

Колегите од СДС не се ни завртија кон другарот од нивната КОАЛИЦИЈАТА. Не ни помислуваа дека овој може да гласа.
И настапи период на мала забуна и тишина дур сфатат што се случило.
Во моментот кога сфатија потонаа. Гром од ведро небо. Ликовите им се сменија. Потонаа.

Си побараа пауза да се објаснат шо се случува во коалицијата и после речиси цела седница до крај не им се седеше во сала. Некои повеќе беа надвор отколку внатре.

Зошто го пишувам ова? За да ви вратам другарчиња. Од обични луѓе се можам да голтнам, ама од партиски и особено државни избрани или именувани функционери ништо не голтам. Само памтам. За таквите сум злопамтило и чекам кога е најболно тогаш да мавнам. Си имам и јас келеш тефтер.

Друг пат пак да одите по луѓе и да пуштате муабети како Левица-Гевгелија е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, како јас сум ВМРО (инаку сум, ама не ДПМНЕ), како им гласам вработувања кои патем баш поради мене не стигнаа на дневен ред, да дофрлувате на седница некои демек ногу јаки досетки за коалиција итн.

Само коа ќе го правите тоа не заборавајте да кажете како сте им дале човек на ВМРО-ДПМНЕ баш од вашата коалиција и не заборавајте да ја кажете приказнава како тој “ваш” ве возел цела седница ко на луда железница.

Останува само да видиме дали ќе биде трајна ситуацијава со тиква коалицијава ваша или била наменска.

А што се однесува до булеварот. Со другарите од Левица сметаме дека е супер проект ама дека не е баш толку приоритетен за да земеме кредит за истиот. Скржави сме ние, особено со јавни пари.

А шо се однесува лично до мене, јас не го гласав ова, а од тој булевар иам лична корист. Иам плац кој директно излегува на булеварот. Ама јавниот интерес е пред мојот личен и затоа не гласав за задолжување.

И да, нареден пат коа ќе ми пуштате муабети како сум ДПМНЕ, не заборавајте и ова да го спомнете.

Може вака да го кажете.

Тој од Левица Гевгелија е толку ДПМНЕ шо не сакаше да гласа за општински кредит од кој ќе има лична корист, па моравме ние од нашата коалиција да им дадеме човек на ВМРО-ДПМНЕ за да го изгласаат.