АктуелноЛокално

Пендаровски: Доколку сакаме во ЕУ, тогаш треба да си ја смениме историјата, инаку ќе добиеме вето

Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија и потврди дека доколку нема договор, тогаш следува веднаш вето од Бугарија.

Јавноста реагира што уште еднаш се излажани од власта, која преговара со Бугарија за македонскиот јазик и историја. Претседателот Пендаровски во интервјуто кажа дека учебниците по историја ќе се менуваат, доколку двете Влади се договорат за такво нешто.

Ова значи, доколку сакаме да станеме членка на ЕУ, целата македонска историја ќе подлежи на ревизионизам кој ја негира македонската средновековна држава, револуционерна борба, АСНОМ-ско, анти-фашистичко минато и т.н. Дополнително, Пендаровски потврди дека доколку „нашата историја“ не биде по „бугарска мерка“, тогаш следува ново вето.

Комисијата составена од седум Македонци и седум Бугари, ако се согласат двете страни тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат, пуштаат до надлежно министерство, да речеме МОН кај нас. Тие понатаму во нивна процедура си бараат автори за учебници од петто, шесто, седмо одделение. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност за формулацијата во учебникот. – Ако не се согласи Бугарија, тогаш вето.

Со оваа изјава, Пендаровски практично потврди дека зад затворени врати се преговара за сето она за што Власта тврдеше дека нема да се преговара. Потврдена е и тезата дека Македонија и да го прифати овој предлог, повторно нема гаранција за ново бугарско вето. За на крај слободно да може да се заклучи дека актуелната Власт уште еднаш ја доведува државата во подредена позиција.