(ВИДЕО) Полицијата претепа обичен граѓанин во центарот на Скопје
На денешниот протест кој се одржи пред Влада, а потоа да заврши пред Собранието на Република Македонија, полициската бруталност беше застапена и кон обичните граѓани кои не биле дел од протестот.
Полициската држава и бруталност вечерва се гледа на дело!
Од насобраната толпа се слушаат лелеци, пискотници и барања кон полицаецот да го пушти момчето кое се бори за воздух!
Од видеото истотака може да се забележи и слушне дека момчето кое во моментот се наоѓа на земјата извикува дека само се враќа од своето работно место и дека не присуствувал на протестот пред Собанието.