Бугарскиот национал-шовинизам кон Македонците е нивна државна/национална политика

  • Фејсбук статус на Адела Ѓорѓиоска

Бугарскиот националшовинизам кон Македонците е нивна државна/национална политика – планирана, доследна, долгорочна – и поддржана со соодветна материјална база (човекови и финансиски ресурси).

Бугарските пасоши се еден пример. Друг пример е тимот за антимакедонска дигитална пропаганда кој работи од Софија – отворете која било страна на Википедија поврзана со Македонија и ќе ги видите резултатите на нивниот макотрпен труд.

Има многу други такви примери кои покажуваат дека бугарскиот естаблишмент активно го искористува овој историски момент и својата супериорна позиција, за да ја оствари својата болна асимилаторска политика кон Македонија. Затоа, колку и да е катастрофален Протоколот (а само малоумни тапчовци можат да го тврдат спротивното), јас ве уверувам дека неговото спроведување ќе биде од лошо полошо.

Ние немаме институционален капацитет, а ниту пак волја, да истуркаме било какви преговори во наша полза, дури и да стануваше случај за најдобар можен Протокол. Впрочем, за тоа се свесни Бугарија (а беа и Грција), како што се и свесни за етничката поделеност на нашата држава и ја инструментализираат за вакви брзоплети „решенија“, кои се апсолутно асиметрични и неправични за нас. И не само што ништо не решаваат туку создаваат нови поделби.

И така наместо да се занимаваме со социо-економскиот крах кој ни е заеднички на сите веќе предолго , а само ќе се продлабочи за многу брзо, ние ќе продолжиме да се занимавме со идентитетски политики, и ќе продолжиме да веруваме во боговите во Брисел и Вашингтон. Затоа што токму е тоа функцијата на од нив наметнатата (етно)идентитетска (гео)политика – „раздели па владеј“.